Дали одлуките донесени врз основа на податоци се клучот за одржливост во европското сточарство и производството на млеко?

Дали одлуките донесени врз основа на податоци се клучот за одржливост во европското сточарство и производството на млеко?

 

Сегашниот модел за земјоделството и храна на ЕУ поминува низ радикални промени. Потребата од храна за популацијата која континуирано расте и заштита на биодиверзитетот ја стави сточарската индустрија во многу специфична ситуација со побарувања како никогаш порано. Главниот одговор на политиката на ЕУ претставува Стратегијата „Од фарма до вилушка“ (F2F), која е во срцето на Европскиот зелен договор, чија цел е системите за храна да бидат фер, здрави и еколошки.

Секторот за производство на млеко презема чекори кои што ќе го намалат влијанието врз климата и животната средина. За да бидат сигурни дека преземените чекори и решенијата што ги користат имаат конкретен и мерлив ефект, многу организации се одлучуваат да усвојат технологии кои што функционираат врз основа на податоци. Преку користење на измерени податоци, земјоделските стопанства за производство на млеко можат да се оптимизираат во процесот на намалување на јаглеродниот диоксид. Земјоделците преку ваквиот пристап отсега ќе можат да прибираат информации за големината на стадото, произведеното млеко и употребата на сточна храна од каде што ќе постои можност да се пресмета емисијата на стакленички гасови и дали постои можност за усовршување на производството.

Преку употребата на податоци земјоделците ќе можат да ги препознаат областите во кои може да се имплементираат или усовршат операциите за одржливост. Истите податоци и добиеното знаење исто така можат да бидат искористени во ефективно креирање на политики и споделување на најдобрите пристапи за имплементација на одржливост во сточарскиот сектор.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести