Во тек е најголемиот глобален саем за храна и пијалаци, Anuga 2021 – Учествуваат и македонски компании

Во тек е најголемиот глобален саем за храна и пијалаци, Anuga 2021 – Учествуваат и македонски компании

 

Во германскиот град Келн, моментално се  одржува глобалниот саем за индустрија за храна и пијалаци, Anuga 2021. Оваа година поставени се нови одредници на саемско претставување во хибриден формат. Целта на овој саем е на едно место да ги собере компаниите од индустријата за храна и пијалаци и да обезбеди можност за средби лице в лице,  создавање на канали за соработка и градење одржливи деловни односи.

Новитет оваа година е тоа што за прв пат глобалниот саем ги става во употреба и новите дигитални технологии. Ова овозможува, освен со физичко присуство – да присуствувате на саемот и од сосема друга страна на Светот. Пристапот е овозможен преку дигиталниот формат Anuga@home.

Десетте саеми под еден покрив обезбедуваат насока на делување, поврзуваат понуда и побарувачка и нудат можност да се слушнат разновидни искуства. Под мотото „Вкуси ја иднината“ учесниците ќе имаат можност да се запознаат со иновациите во прехрамбената индустрија.

Со чекор со најсовремените трендови, Anuga 2021 ќе прикаже и покаже мноштво  нови креативни концепти и иновации на производи. Во моментов, во индустријата за храна и пијалоци доминираат вкупно 7 трендови за храна.

Земјите со најголем број изложувачи се Белгија, Германија, Франција, Грција, Италија, Холандија, Полска, Шпанија, Турција и САД.

Според информациите од организаторот, на Саемот ќе учествуваат и неколку македонски компании од прехранбената и кондиторската индустрија. Со физичко присуство и со сопствен штанд на Anuga 2021 се присутни прехранбените компании Мама’с Фуд, Витаминка, Макс од Струмица, Вори Гевгелија, Жито Промет Гевгелија. Со заеднички штанд ќе се земе присуство и Министерството за  земјоделство, а дигитално учество и изложување на производите ќе имаат Фруктана, Ларс, Хортена, Бимфоод, Кинимекс, Бест Фуд, Техноалат Комерц и Аграг Ко.

Повеќе информации за годинешниот саем Anuga 2021 може да прочитате на следниот линк.

 

Извор: Anuga

 

Категории: Вести