Дали јапонските супер пчели може да се замена за „припитомените“ пчели?

Дали јапонските супер пчели може да се замена за „припитомените“ пчели?

 

Пчелите со години се мачат да се адаптираат на климатските промени. Тие ја губат битката со чуми кои што се уште не се дефинирани, пестициди и уништување на природните живеалишта. Биолозите, истражувачите и земјоделците најпрво започнаа со осмислување на роботи кои еден ден ќе ги заменат вредните инсекти, но сепак подобро решение понуди природата. Во Јапонија постои вид на диви пчели кои совршено би одговарале на нашите “припитомени” пчели. Овој вид претставува подвид на азиската медоносна пчела (Apis cerana) и се порезистентни на пониските температури за разлика од европските медоносни пчели (Apis mellifera). Иако, собираат помалку мед, тие се поефикасни од европските пчели.

“Пчелите на кои сме навикнати се во тешка состојба. Бидејќи се припитомени, тие се малку помрзливи од нивните диви браќа. Една медоносна пчела посетува две цвеќиња во минута, додека дивата пчела од Јапонија посетува 15. Може да носи и 100 пати повеќе полен од обичната пчела “, изјави Дејвид Бидингер – биолог и специјалист за животна средина. На Универзитетот во Пенсилванија, тој предводи специјален тим кој ќе помогне во наоѓање на решение за проблемот со пчелите.

Покрај интересите за зачувување на природата, САД не сакаат да останат без земјоделското производство кое зависи од пчелите и генерира 15 милијарди долари годишно во државниот буџет. Норвежаните работат на сличен проект, чии биолози креираат коридор за пчели преку поврзување на зелените површини за да им дадат на пчелите доволно простор за нивната природна и примарна функција.

Поради ова причина, одредени граѓани кои живеат на тие места биле приморани да постават растенија на покривите и со тоа да обезбедат непречен живот на овие витални инсекти. Доколку проектот успее, норвешките научници веруваат дека и други земји ќе го следат примерот. Доколку не успеат плановите за заштита и подобрување на пчелните семејства, Земјата наскоро би можела да остане не само без мед, туку и без храна, во свет каде што константно се зголемува бројот на жители.

Извор: express.24sata.hr

 

Категории: Сточарство