Да се знае и влијанието на прехранбените производи врз животната средина – Што предвидува европската граѓанска иницијатива?

Да се знае и влијанието на прехранбените производи врз животната средина – Што предвидува европската граѓанска иницијатива?

 

Европската комисија ја регистрираше граѓанската иницијатива (ECI) која повикува на воведување на т.н. „европска еко-ознака“. Таа треба да ги информира потрошувачите за влијанието на прехранбените производи врз животната средина.

Штом граѓанската иницијатива ќе биде регистрирана од ЕК, организаторите ќе можат да отпочнат процес на собирање на најмалку еден милион потписи за предлогот да се стави на дебата пред Европската комисија, која понатаму може да резултира со одлука за донесување на законски предлог за ова прашање.

Тековните дебати во врска со иницијативата за етикетирање на предната страна на пакувањето би можеле наскоро да се прошират во насока на тоа етикетата со ознаката да го покаже влијанието на производот врз животната средина, од неговото производство до пакување и транспорт.

Засега, на предната страна на пакувањата доминира шарената Nutri-Score етикета (етикета која ги потенцира нутритивните вредности), но, Европската комисија ќе инсистира да се нагласуваат не само хранливите аспекти туку и еколошките аспекти на производот. Ќе се инсистира да се создаде усогласена шема за обележување на храната во рамките на ЕУ стратегијата „Од фарма до вилушка“.

Еко-резултат нутриенти

Фото: euractiv.com

Комисијата исто така ќе проба да изнајде начин сите релевантни иницијативи да ги усогласи со нутриционистичките, климатските, еколошките и социјални аспекти на производот – при што ќе се создаде одржлива рамка за обележување на храната.

Исто така, предложената Еко-ознака е дизајнирана да „испрати јасен сигнал за важноста од преземање активности за животната средина до европските институции“ и да ја зголеми свеста на граѓаните со единствена ознака „што не создава конфузија за потрошувачите“, велат организаторите на иницијативата.

Овој потег е проследен со сè погласни повици за етикетирање на храната и еколошките влијанија на производите низ цела Европа, што ги натера многу приватни компании да развијат свои еко-ознаки. Студија од 2020 година покажа дека повеќе од половина од граѓаните на ЕУ би сакале да го разберат влијанието на нивните прехранбени производи врз животната средина.

Сепак, групата што стои зад граѓанската иницијатива го критикува сегашниот недостиг од законско усогласување за регулирање на методите за пресметка, како и фактот дека повеќето еко-оценки досега се достапни само на Интернет – како што е случајот во Франција.

Од 2012 година, регистрирани се 81 граѓанска иницијатива, а само 6 го достигнаа потребниот праг на потписи. Една од нив беше земена во предвид при неодамнешната ревизија на Директивата за вода за пиење и стана првата регулатива на ЕУ иницирана од страна на граѓаните.

Извор: euractiv.com

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.