Донесена Уредбата за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија

Донесена Уредбата за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија

 

Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и првата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности, е објавена во Службен весник 02.11.2021година.

Уредбата е во согласност со Законот за управување со кризи и е донесена во саботата на 30 октомври, а објавена е уредно во Службен весник, но не и на интернет страницата на Владата.

Донесувањето на Уредбата, не значи и прогласување на кризна состојба поради нарушено снабдување со електрична енергија. Според Законот за управување на кризи, Владата донесува одлука за употреба на ресурсите. Нивната пропорционална употреба е според природата и интензитетот на кризната состојба, пишува во Законот.

Во Законот за енергетика пак, предвиден е дел насловен со „Кризна состојба“, каде пишува дека Владата, на предлог на Министерството за економија, во услови на нарушување на системот со снабдување со електрична енергија, со уредба подетално ги утврдува критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, а особено во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на енергија, начинот на снабдување со соодветните видови на енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на одредена енергетска дејност согласно со Законот за управување со кризи.

Уредбата е официјално објавена и можете да ја прочитате во следниот документ.