Видео: Некои вирални приказни немаат среќен крај – Џуџестата крава Рани

Видео: Некои вирални приказни немаат среќен крај – Џуџестата крава Рани

Необичните животни секогаш се интересни за Гинисовата книга на рекорди бидејќи го привлекуваат вниманието на јавноста. Сепак, некои вирални приказни немаат среќен крај.

Џуџестата крава Рани од Бангладеш која беше вистинска вирална атракција кратко ја живееше својата интернет и рекордерска слава. Животното кое го видеа илјадници почина од здравствени компликации при потекување на стомакот.

Рани беше најмалата крава на светот со висина од 51 сантиметар и тежина од само 26 килограми. Рани чие име значи кралица беше атракција за илјадници посетители на Дака, главниот град на Бангладеш. Овие животни добиваат статус на обожавање во Југоистична Азија поврзани со традиционалните религиски верувања.

Категории: Вести