ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава цена од 93,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 95,00 ден/лит
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 ден/кг и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ќе се зголемат за 8,50 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит и 95,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 90,00 лит/лит. и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 94,00 ден/лит.