Овесот е меѓу најздравите житарици и може да се користи сиров или варен како овесна каша вистинска намирница за здрав избалансиран појадок полн со протеини и јаглехидрати. Тој е одлична замена за трошки во рецепти со месо. Додадете го во текстура за леб и колачи или за подготовка на домашни енергетски плочки. Оваа житарица содржи многу важни витамини, минерали, влакна и антиоксиданси.
Причини зошто овесот треба се конзумира секој ден:
Протеини
Овесот е добар извор на протеини, кој за разлика од другите зрна, содржи околу 11-17% протеини од сувата тежина. Главен протеин во овес е авеналин, и истиот го нема во ниту една житарица, а во својот состав е сличен со протеините од мешунките.
Јаглехидрати
Во својот состав содржи комплексни јаглехидрати кои се достапни во различни форми на приготвување. Ако сакате да го смените внесот на јаглехидратите, имајте во предвид дека една чаша варен овес е еквивалентна на речиси два парчиња леб.
Aнтиоксиданси
Група на антиоксиданси наречени авенантрамиди, кои ги има во овесот, може да помогнат во намалување на нивото на крвниот притисок со зголемување на производството на азотен оксид. Оваа супстанца може да помогне во проширување на крвните садови, има подобар проток на крвта и доаѓа до намалување на крвниот притисок. Авенантрамидите, исто така имаат и антиинфламаторно и анти-чешачко дејство.
Бета-глукани
Овесот содржи растителни влакна наречени бета-глукани. Бета-глуканите делумно се раствораат во вода и формираат густ раствор сличен на гел во цревата. Овесот има повеќе растворливи влакна од другите житарки, што доведува до побавно варење, зголемено чувство на ситост и намалување на апетитот. Бета-глуканите го стимулираат имунолошкиот систем и позитивно влијаат на дигестивниот тракт. Други здравствени придобивки од бета-глуканските влакна вклучуваат:.
- Спречување запек
Влакната помагаат столицата да биде мека, така што полесно се движи низ дебелото црево.
- Го намалува ризикот од канцер на дебелото црево:
Колку повеќе влакна се консумираат, толку е помал ризикот од појава на полипи (кои се излив во слузницата на дебелото црево и кои претставуваат претежно бениген почеток, кој станува канцер).
- Го намалува и регулира нивото на холестерол во крвта:
Редовното консумирање влакна помага да се избегне или намали високото ниво на холестерол во крвта. Додека растворливите влакна го врзуваат холестеролот што доаѓа од исхраната и помагаат да се елиминира од телото, а нерастворливите влакна помагаат да се елиминира отпадот, запирајќи ја апсорпцијата на холестерол.
- Го контролира нивото на шеќер во крвта:
Храната богата со растителни влакна помага да се спречи наглото зголемување на гликоза во крвта. Растворливите влакна го забавуваат варењето и апсорпцијата на гликоза при што помага да се намали производството на инсулин, што има корисен ефект врз контролата на нивото на гликоза во крвта.
Овесот е неверојатно хранлив, а во 100 грама овес има:
Калории: 389
Вода: 8%
Протеини: 16,9 грама 33% од ДВ
Јаглехидрати: 66,3 грама
Шеќер: 0 грама
Влакна: 10,6 грама 42% од ДВ
Маснотии: 6,9 грама
Магнезиум 42% од ДВ
Фосфор 42% од ДВ.
Цинк 36% од ДВ
Бакар 70% од ДВ
Манган 214% од ДВ
Овесот не содржи глутен
Овесот е добар извор на хранливи материи и за лицата кои страдаат од целијачна болест, како и за лицата кои покажуваат чувствителност добар извор на витамини, минерали и протеини на глутен. Овесот природно не содржи глутен, но може да биде контаминиран со пченица, рж или јачмен, затоа што често се користат истите капацитети при преработка, пакување и транспорт. Затоа, важно е за луѓето со целијачна болест да јадат само овес што е сертифициран дека не содржи глутен.
Нега на кожа
Овесот може да се најде во бројни производи за нега на кожа и често произведителите го наведуваат ситно мелениот овес како „колоидна овесна каша“. Помага во третманот на чешање и иритација во различни состојби на кожата, (пр. егземата). Сите придобивки од овесот се однесуваат ако го нанесете диретно на кожата, во вид на маска или купка од овес
Рецепт за овесна каша:
Во длабок сад ставете млеко и овес (во сооднос млеко овес 2:1) и оставете да отстои половина час, по штобовесот станува вкусна каша. Потоа додадете парчиња банана, семки од тиква, шумско овошје и суво грозје. Овесната каша може да го зголеми чувството за ситост и да го намали апетитот многу поефикасно од житарките за појадок. Овесот е нискокалоричен и богат со растителни влакна и други здрави хранливи материи, што го прави одличен додаток на ефективна диета за слабеење
Фото: Pixabay