Цените на земјоделските ѓубрива соборуваат рекорди – лани 610 денари, годинава 2.200!

Цените на земјоделските ѓубрива соборуваат рекорди – лани 610 денари, годинава 2.200!

 

Пандемијата и конфликтот во Украина ја покачија цената и побарувачката на пченица. Недостигот на пченица ги натераа земјоделците во Полошко да ги зголемат површините за сеење и наесен и пролетва. Но, се жалат на драстичното поскапување на ѓубривата.

Вештачките ѓубрива кои се користат во производството на пченица лани беа 610 денари, а годинава достигнаа 2.200 денари за 50 кг амониум нитрат, тарана 1.250 денари, така што земјоделците се директно погодени од овој абнормален пораст на цените. Ова во голема мера ќе влијае на финалното производство.

земјоделските ѓубрива

Земјоделците бараат субвенции од државата за секој килограм произведена пченица.

„Нашиот предлог е да се субвенционира произведениот килограм, без разлика дали е пченица или пченка. За нас тоа би било идеално. Треба да биде најмалку три денари, но за жал не е, иако го барав тоа на секој состанок, но одговорните лица не се расположени за таков чекор“, изјави за Алсат Иснириза Џелили, земјоделец.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство велат дека поради пандемијата и кризата во Украина, во Полог годинава се засеани 400 хектари пченица повеќе од претходните години.

земјоделските ѓубрива

„Според нашата статистика, има 300-400 хектари засадени со пченица за свреме на пролетната сеидба на пченица, и оваа површина има тенденција на зголемување. Температурите одат во наша корист, засега нема мраз, но ако случајно се појави – може да влијае на жетвата“, рече Африм Сејрани, началник на подрачнта единица на Министерството за земјоделство.

Иако се зголемува сеењето на пченица како резултат на светската криза, но и пандемијата, кај нас сè помалку се сади пченка и грав, иако по тоа се познати Тетово и цел Полог.

 

Извор: Алсат

 

Категории: Вести