Земјоделски институт Скопје ,,EIT FOOD START-UP AWARENESS EVENT”

Земјоделски институт Скопје ,,EIT FOOD START-UP AWARENESS EVENT”

 

Во периодот од 9-10 ноември 2021 година, на Земјоделскиот институт во Скопје се одржа дводневен настан во рамки на проектот “EIT Food Start-Up Awareness Event”, кој е финансиран од единицата на Европскиот институт за иновации и технологии – EIT Food, којa пак е поддржанa од Европската Унија.

Земјоделски институт

На 9 Ноември се одржа „Форумот за адаптација кон климатските промени и можности за start-up бизниси во земјоделството“, на кој официјално обраќање имаа Директорот на Земјоделскиот институт, проф. д-р Виктор Ѓамовски, и координаторот на проектот, М-р Деспина Поповска Стојанов.

Почесни гости на настанот беа Деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Сараево, проф. д-р Мухамед Брка, проф. д-р Милјан Цветковиќ од Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука и проф. д-р Драгослав Иванишевиќ од Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад.

Главна тема на настанот беа моменталните состојби на глобално и локално ниво во поглед на импликациите од климатските промени, а беа презентирани и одржливи практики кои треба да се применуваат во земјоделското производство, со цел поголема адаптација на секторот кон влијанијата од климатските промени.

На настанот учество земаа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, Националната федерација на фармери, Фондот за иновации и технолошки развој, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, како и претставници од други факултети, институти, универзитети и невладини организации.

Земјоделски институт
Земјоделски институт
Земјоделски институт
Земјоделски институт

На 10 ноември се одржа „Форумот за зелени start-up идеи“, чија главна цел беше да се мотивираат млади фармери и студенти да развиваат иновативни идеи од областа на одржливите практики во земјоделството и истите да ги преточат во можност за сопствен start-up бизнис.

На настанот учествуваа претставници од УКИМ Бизнис Акцелераторот, од организацијата ПроЕфект, а свое претставување имаа и два успешни  start-up бизниси во земјоделството. Учесниците во интерактивната работилница имаа шанса да присуствуваат на серија предавања од областите на иновациите и претприемништвото во земјоделството, потоа на темата како да се започне свој бизнис, ги развиваа своите идеи користејќи го бизнис моделот Канвас и на крај се здобија со знаења како најдобро да ја презентираат идејата до потенцијален инвеститор. Како краен резултат беа разработени голем број интересни и иновативни идеи од областите на лозарството, овоштарството, поледелството и анималното производство, кои во иднина навистина можат да прераснат во своевидни бизниси во земјоделството.

Категории: Вести, Зелен развој