Индексот на цени за житните производи во април со раст од дури 26 проценти!

Индексот на цени за житните производи во април со раст од дури 26 проценти!

 

ФАО Индексот на цени за житните производи во април во просек достигнал 125,1 поени, што е за 1,5 поени (1,2 проценти) повеќе од март и 25 поени (26,0 проценти) над нивото од април 2020 година.

Ваквиот пораст е предводен од плановите за посевите житни култури во Соединетите Американски Држави (САД) како и песимистичките прогнози за состојбите со моменталните посеви на овие земјоделските култури во Аргентина, Бразил и САД, влијаејќи на  раст на  цените на пченката во април за 5,7 проценти.

Предизвиците во делот на понудата со пченка од една страна и постојаната силна побарувачка од друга се главни двигатели на високите цени на оваа стратешка култура од средината на 2013 година до денес. Цените на јачменот и просото продолжуваат да омекнуваат, паѓајќи 1,2 и 1,0 проценти во април во однос на март, но останаа за 26,8 (јачмен) и 86,5 (просо) повисоки за истиот месец во 2020. Меѓународните цени на пченицата остануваат генерално стабилни во април во однос на март и истите се 17 проценти над нивото во април за 2020 година.

Спротивно на овие трендови, меѓународните цени на оризот повторно се намалија во април во однос на март, главно како резултат на влијанието на девизниот пазар на валутите кои се главни средства за плаќање во трговијата со оваа култура како и бавноста трговски операции проследени со постојаните логистички предизвици и повисоки трошоците за транспорт.

ФАО Индексот на цените на храната (FFPI) е мерка за месечна промена на меѓународните цени на кошницата со прехранбени производи. Се состои од просек од пет индекси на цените на главните групи на храна (житарици, месо, масло за домаќинства, млеко, шеќер) пондерирани со просечните извозни учества на секоја од групите во текот на 2014-2016 година

Автор: Благоја Муканов

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Пазари