Иновациите – иднина на земјоделско – прехранбениот сектор

Иновациите – иднина на земјоделско – прехранбениот сектор

 

Во последниве две години од почетокот на кризата со КОВИД -19,  се појавија големи предизвици на глобално ниво на сите полиња на живеењето. Оваа криза особено се одрази на еден од најважните секотори  –  производството и преработката на храна.

Според Глобалниот индекс за безбедност на храната (ГФСИ) што го објави „Економист импакт“ за 2021 година, изминативе две години нанесоа невиден притисок врз економските и прехранбените системи во светот, што предизвика многумина да страдаат од хронична недоволна исхранетост и акутна несигурност во храната.

Оваа годишна студија, спонзорирана од „Кортева агрисајанс“, е важна алатка, која помага подобро да се разберат двигателите на постојаната глобална несигурност во храната, да се препознаат ранливостите и да се обезбеди доследно снабдување со храна и ресурси. Исто така, индексот ги мери цената на храната, достапноста, квалитетот и безбедноста, заедно со природните ресурси и отпорноста во 113 земји низ целиот свет. Годинешниот индекс истражува што е научено во изминатата деценија за глобалната, националната и регионалната безбедност на храната и што значи тоа за борбата против гладот ​и неисхранетоста. Европа, генерално, е меѓу најдобрите на глобално ниво во однос на безбедноста на храната, одлично дејствувајќи во категориите за цената, квалитетот и безбедноста, со тоа што природните ресурси и отпорноста и достапноста се нејзините послаби страни.

Студијата за 2021 година наведува дека понатамошните јавни инвестиции можат да ѝ помогнат на Европа да го зајакне својот потенцијал за раст во однос на земјоделската технологија и иновации. Но, исто така, таа покажува дека, и покрај одреден напредок во инвестирањето во земјоделски практики за климатска заштита, јавните трошоци во земјоделското истражување и развој се влошија во 17 од вкупно 26 земји вклучени во индексот. Овој пад е јасен знак дека иновациите се оддалечуваат од Европа.

Земјоделците ги губат алатките што им се потребни за да станат поотпорни во време кога пристапот до иновации е поважен од кога било поради важноста на климатските промени. Итно е потребна политичка волја кај носителите на одлуки во регионот за да се промени овој тренд и да се олесни регулаторното опкружување, кое поттикнува истражување и развој и се однесува како противтежа на влијанието на климатските промени во производството на храна.

Пандемијата негативно влијаеше  и врз глобалните синџири на снабдување и на достапноста на храната. Но, неизбежно е да се увидат и негативните влијанија на климатските променни врз земјоделско-прехранбените системи во Европа се чувствуваат низ целиот регион. Топлотните бранови и другите екстремни временски услови предизвикаа економски загуби за земјоделците и за земјоделскиот сектор во Европа, додека 14 земји пријавија зголемување на нестабилноста на земјоделското производство од 2012 година.

Ако се земе во предвид фактот што многу европски региони, вклучувајќи ги и густо населените земји Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Холандија, стануваат сè повеќе зависни од увозот на храна. Според извештајот трендот на увозно зависни земји може да доведе до тоа, се повеќе земји да станат поранливи на недостигот од храна, бидејќи големите земјоделски извозници го ограничуваат извозот за да го нахранат сопственото население. Од сите нас зависи да им обезбедиме на земјоделците пристап до технологијата што им е потребна за да произведат доволни количества храна за граѓаните и да продолжат да одгледуваат култури што се важни сега и за идните генерации.

 

Извор: Нова Македонија

Категории: Вести