Норвешка старт-ап компанија создаде електрична машина која помага во подигање на тешки товари во земјоделството

Норвешка старт-ап компанија создаде електрична машина која помага во подигање на тешки товари во земјоделството

 

Возило кое работи на електричен погон со автономно движење можеби ќе биде новата десна рака на земјоделците. Специјално дизајнираниот робот кој има способност за подигање на тежини до 2 тона е продуктот создаден од страна на норвешката старт-ап компанија АутоАгри.

Оваа механизација има за цел да им помогне на земјоделците при транспорт на тежок товар или пак транспорт на оперативната приклучна механизација како што се прскалки, резервоари или ѓубрерастурачи при изведување на покомплексни агротехнички операции. Начинот на приклучување на механизацијата е на истиот принцип како што се приклучува на тракторите.

Освен футуристичкиот дизајн, машината има и вградено електричен мотор кој се придвижува со помош на литиумски батерии и овозможува погон на сите 4 тркала кои што се поставени на самите краеви од возилото. Дополнително, возилото управува со помош на ГПС навигација со многу голема прецизност и има максимална флексибилност и способност да се движи во сите насоки како и да направи движења од 360 степени.

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести, Иновации