Италија поднесе барање во УНЕСКО, за да му се даде заштитен статус на кафето еспресо , тврдејќи дека тоа е „многу повеќе од обичен пијалок“.
Во 2017, неаполската пица беше додадена на списокот на светското нематеријално наследство на Агенцијата на ОН, па Италија сака да му обезбеди ваков статус на уште еден свој симбол.
„Тоа е автентичен ритуал и дел од нашата култура и не разликува низ целиот свет“, рече Џан Марко Сентинајо, потсекретар за земјоделство, потврдувајќи дека апликацијата е поднесена.
Еспресото брзо стана составен дел од националниот идентитет по неговото создавање во Торино на крајот на 19 век.
Според Италијанскиот институт за еспресо, кој е основан во 1998 година со цел да го заштити и промовира оригиналното еспресо, пазарот вреди повеќе од 4 милијарди евра годишно, при што повеќе од 90% од Италијанците пијат по една чаша од него на ден, обично се служи во порцеланска чаша.
За подготовка на совршено еспресо, Институтот има и строги прописи кои вклучуваат употреба на сертифицирана мешавина на кафе, сертифицирана опрема, па дури и лиценциран персонал.
Извор: Guardian