Карфиолот – здрав, хранлив и нискокалоричен прилог на секое јадење

Карфиолот – здрав, хранлив и нискокалоричен прилог на секое јадење

 

Карфиолот многумина го сметаат за една од најздравите намирници, и навистина постојат неколку причини зошто е тоа така. Овој зеленчук е корисен поради неговата посебна комбинација од антиоксиданти (фитохемикалии наречени каротеноиди, токофероли и аскорбинска киселина). Овие фитонутриенти се од особено значење за организмот, бидејќи позитивно влијаат на здравјето. Карфиолот освен високото ниво на антиинфламаторни соединенија – има и способност за заштита од канцер, срцеви заболувања, мозочни заболувања, како и на намалувањето и на телесната тежина. Се добива впечаток дека овој зеленчук има широк спектар на здравствени придобивки, и нема болест врз која карфиолот нема позитивни ефекти.

Извор: Pixabay

Карфиолот е дел од истото семејство (Brassica oleracea) со брокулите, зелката и прокељот. Можеби звучи неверојатно, но утврдени се над 80 различни видови карфиол.

Како и секој зеленчук, и карфиолот во својот состав има јаглехидрати. Јаглехидратите во составот на карфиолот не се во вид на скроб, односно комплексен вид со многу влакна и ниски количини природен шеќер. Има низок гликемиски индекс, што значи дека не предизвикува скок на шеќерот во крвта. Од тука можеме да заклучиме дека карфиолот е одлична опција за луѓе со дијабетес или ако луѓе кои внимаваат на дневниот внес на јаглехидрати.

Карфиолот лесно може да ја замени скробната храна, како што се компирите, а притоа да се добие оброк полн витамини, минерали, антиоксиданси и влакна. Исто така служи и како замена за ориз. Комбинацијата на карфиол и житарици може да биде здрав, хранлив и нискокалоричен прилог на секое јадење. 100 g карфиол содржи околу ⅙ од јаглехидратите кои ги содржат 100  g варени тестенини или ориз.

Извор: Pixabay

Според општоприфатените стандарди, дневната доза на витаминот Ц за мажи е од 60 до 110 мг, а за жени од 55 до 80 мг. Витаминот Ц, помага да се намали воспалението, да се зајакне имунитетот и да се ослободи телото од штетни бактерии и инфекции. 100 g карфиол обезбедува повеќе од половина од препорачаната дневна доза на витаминот Ц за мажите, и околу 70 % од препорачаната доза за жените.

Карфиолот е и добар извор на витамин К. Витаминот К е витамин растворлив во масти. Ова значи дека се апсорбира во цревата заедно со мастите. Ова е една од причините зошто е важно да се јаде карфиол – заедно со извор на здрави масти. Витаминот К е одговорен за одржување на скелетната структура здрава и помага во спречување на состојби поврзани со губење на коскената минерална густина како остеопороза. Дополнително, помага при згрутчување на крвта, како и калцификација на коските.

Го поддржува здравјето на срцето: Во својот состав карфиолот содржи сулфорафан, соединение богато со сулфур. Оваа компонента е со антиканцероген ефект. Дополнително, кај овој моќен антиоксидант е утврдено и поволно дејство при повишен крвен притисок, што е многу важно за здравјето на срцето.

Карфиолот е богат извор на холин, хранлива материја која позитивно влијае на расположението и  меморијата. Холинот е исто така од суштинско значење за развојот на мозокот.

карфиол

Извор: Pixabay

Помага при губење на тежината: Тој е нискокалоричен, содржи само 25 калории во 100 g,  има практично нула грама масти, има многу малку јаглехидрати и шеќер, а сепак е висок во волумен и заситувачки влакна. Ова го прави одличен избор за оние кои сакаат да изгубат тежина, бидејќи можете да консумирате големи количини карфиол.

Нутиртивните вредности во 100 g карфиол содржи:

Калории: 27

Маснотии: 0,3 g

Натриум: 32,1 мг

Јаглехидрати: 5,3 g

Влакна: 2,1 g

Шеќери: 2гр

Протеини: 2,1 g

Витамин Ц: 51,6 мг

Витамин Б6: 0,2 мг

Магнезиум: 16 мг

карфиол

Извор: Pixabay

Карфиолот е достапен во текот на целата година. Кај нас најчесто се употребува како дел од зимницата, туршија, руска салата и слично. Тој е лесно расиплив, па се препорачува да се чува во фрижидер на ладно. Кафеавата дамка е знак на оксидација, која се јавува како резултат на продолжено изложување на светлина и воздух и се јавува природно колку подолго се чува карфиолот. Може да ја исечете повремената кафена дамка, но ако оваа промена на бојата се појави низ целата глава (знак на расипување), најдобро е да го фрлите целиот зеленчук.

 

Категории: Здрава храна