Кои преработки на јаболко се поеднакво ефикасни и здрави како и свежото јаболко?

Кои преработки на јаболко се поеднакво ефикасни и здрави како и свежото јаболко?

Јаболкото е едно од омилените овошја во текот на целата година. Тоа е основна состојка на кашичките за бебиња, разни пити и колачи, мармалади и џемови, а дава и посебен вкус на разни специјалитети со месо. Има многу начини на подготвување и преработки на јаболкото со кои се задржуваат сите здрави придобивки исто како и кај свежото овошје. Лесно се подготвуваат и во домашни услови, а вкусот трае многу подолго, па затоа решивме да ви ги претставиме подетално.

Сок од јаболко

Сокот од јаболко е богат извор на витамини (А, Б, Ц, Е, К, Б1, Б2, Б6), ќе ве освежи и даде енергија во текот на денот. Поради големото количество на витамини и минерали, сокот од јаболко ги чува срцето и крвните садови. Се препорачува да го пијат тие што страдаат од недостаток на витамини, како и бремените, за подобрување на производството на млеко. Според некои истражувања секојдневното консумирање на 300 мл. сок од јаболко може да помогне во  намалување на нивото на холестерол во крвта, има позитивно влијае на циркулацијата на крвта, правејќи ги еластични крвните садови. Исто така, содржи и пектин кој помага во обновување на цревната флора, го олеснува прочистувањето на цревата, ја подобрува работата на црниот дроб и помага во излачувањето на мокрачна киселина. Се препорачува да го пијат и бремени жени и доилки. За ефектите од сокот  да бидат целосни мора да биде 100% чист, без додаток на шеќер.

Сушени јаболка

Сушените овошја вклучувајќи ги и сушените јаболка го задржуваат целиот состав од свежо овошје.  Со консумирање на само две сушени јаболка, ќе добивате дневна порција овошје за снабдување на телото со растителни влакна, витамини и минерали. Тие се ефтина и пригодна замена за свежо овошје надвор од сезоната. Сушените јаболка му даваат енергија на телото и го подобруваат дигестивниот тракт.

Јаболкова киселина

Јаболковата киселина освен што е вкусен додаток за салати, исто така е одлична за здравјето. Со редовно конзумирање на јаболков оцет ќе имате повеќе енергија и ќе го намалите крвниот пристисок. Се препорачува јаболковиот оцет да се пие разреден со вода. Нутриционистите препорачуваат растворот да се пие во сооднос 2:1 (оцет:вода) два пати дневно или пак пред секое јадење. Се препорачува да користите домашна јаболкова киселна, бидејќи не содржи конзерванси и други адитиви.

Чај од јаболко

Чајот од јаболко е лесен за подготовка и може да се консумира топол или ладен. Овој чај содржи витамин Ц кој помага во подобрување на имунолошкиот систем. Истовремено има антивоспалително дејство што е од суштинско значење за јак имунолошки систем и за здраво тело. Во чајот од јаболко може да додадете цимет или други засладувачи, но се препорачува да не се внесува дополнително шеќер.

Категории: Здрава храна