Кафето е добро за вашето здравје – Дали оваа теза е поткрепена од науката?

Кафето е добро за вашето здравје – Дали оваа теза е поткрепена од науката?

 

Кафето е најпопуларниот пијалок, по водата во светот. Порано се верувало дека не е толку здраво,  според многу научни докази денес, кафето се смета за здрав пијалок истоколку и зелениот чај. Еве неколку корисните придобивки од овој пијалок врз здравјето на човекот.

Кафето може да им помогне на луѓето да се чувствуваат помалку уморни и да го зголемат нивото на енергија. Тоа е затоа што содржи природен стимуланс наречен кофеин.

Кофеинот е најчесто консумираната психоактивна супстанција во светот. Иако го има и во безалкохолните пијалоци, чајот и чоколадото, сепак кафето е најголемиот извор на кофеин.  Кофеинот може да ги подобри вашите мозочни функции и подобри расположението, будноста и општата ментална функција. Исто така, тој ќе ја зголеми активноста на хормоните, кои можат да ве заштитат и да го намалат ризикот од појава на ментални проблеми како депресија, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Кофеинот може да го зголеми нивото на адреналин  и доведува до значително подобрување на физичките перформанси. Кофеинот го стимулира вашиот нервен систем. Помага во зголемување на согорувањето на мастите. Кога маснотиите се согоруваат за енергија, глукозата може да се чува подолго во вашите мускули. Ова помага да се одложи потребниот период, додека мускулите не се заморат, со тоа кофеинот ги разградува телесните масти, правејќи ги слободните масни киселини достапни како енергија. Затоа, треба да испиете една шолја кафе околу половина час пред да се упатите во теретана.

Но, кофеинот е и зависна супстанца. Кофеинот може да има различни негативни ефекти, како што се вознемиреност и нарушен сон – но, тоа во голема мера зависи од секој поединец. Ефектот на кафето трае и до 5 часа. Ако кафето ви го намалува квалитетот на спиењето, тогаш се препорачува да го намалите неговото конзумирање во подоцнежните часови од денот. Би било пожелно да го испиете вашето кафе најдоцна до 14 часот.

Кога луѓето редовно консумираат кофеин, стануваат толерантни кон него. Затоа за да се создадат истите ефекти потребни се поголеми количини на кафе. Кога луѓето апстинираат од кофеин, тие добиваат симптоми на повлекување, како што се главоболки, исцрпеност и раздразливост.

Во просек, чаша од 60 милилитри црно кафе содржи некаде од 50 мг до 90 милиграми кофеин.

Љубителите на кафе кои пијат најмалку две шолји од овој пијалак секојдневно, имаат помала веројатност да развијат многу болести, како дијабетес или болести на црниот дроб како и да го намалат ризикот од појава на срцеви заболувања.

Пиењето црно кафе може да ви го продолжи животот и да ви го направи денот поубав со вашите пријатели и колеги!

Автор: Александра Силјановска

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Здрава храна