Кои се причините за наглото зголемување на цените на храна?

Кои се причините за наглото зголемување на цените на храна?

 

Повисоките цени на годишно ниво кај поголемиот дел на стоки и услуги предизвикаа голема загриженост во врска со инфлациските притисоци кои се случуваат во земјоделскиот сектор на глобално ниво. Според ФАО, индексот на цените на храна во мај  е драстично зголемен, а  порастот изнесува 30,8 проценти во споредба со минатата година. Исто така, во мај постои и засилен раст на цените на пченицата, пченката и сојата  кои достигнаа највисоки нивоа од 2013 година.

Слични трендови се забележани и во индустриите за енергија, метали, суровини, акции, домување и поновиот феномен на крипто валути, предизвикувајќи дебата за тоа дали високите цени се минливи или имаат долготрајна природа. Дополнително, Ковид-19 пандемијата допринесе за уште поголема нерамнотежа на пазарот како резултат на пакет мерки кои што беа донесени од многу држави во светот во изминатиот период.

Производството на пченка во САД, како особено важен фактор на светскиот пазар, достигна степен на прекумерна понуда поради високите проекции од страна на Министерството за земјоделство на САД (УСДА) кои во текот на изминатиот период беа повеќекратно намалени (за 46 милиони тони пченка). Покрај САД, во креирање на моменталните цени голема улога имаше и намаленото производство на пченка во Бразил.

Иако се мисли дека постојат инфлациски тенденции возголемувањето на цените на храната, сепак доказите покажуваат дека причината за зголемени цени се само специфичните околности на страната на понудата и побарувачката кои настанаа во изминатиот период за време на Ковид-19 пандемијата.

Според пазарните индикатори, зголемување на цените е од фундаментална природа и се работи за стабилен раст без голема волатилност на пазарот. Се очекува дека цените  ќе го задржат растот до одреден степен се до крајот на 2021 година.

 

 

Aвтор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести