Континуиран раст на цените на горивата

Континуиран раст на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 ден/кг и сега ќе изнесува 38,395 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 1,00 ден/лит. Додека пак, цените за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) нема да се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.09.2021 година.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,00 ден/лит и 75,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 63,00 ден/лит, односно 63,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .

Категории: Вести