Кој и под кои услови може да закупи државно земјоделско земјиште?

Кој и под кои услови може да закупи државно земјоделско земјиште?

 

Во наредните 30 дена сите заинтересирани за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост ќе може да достават понуди до Министерството за земјоделство. Според МЗШВ објавени се четири јавни повици. Со нив е предвидено закуп на земјоделско земјиште со површина до 3 хектари речиси на целата територија на државата.

Предмет на јавните повици бр.01/21, 02/21 и 03/21 е слободно земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, а предмет на Јавниот повик бр.04/21 е давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има долгогодишен насад.

Во јавниот повик број 1 предвидено е доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Карпош, Куманово и Свети Николе.

Во јавниот повик број 2 предвидено е доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш и Велес.

Во јавниот повик број 3 предвидено е доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип.

Во јавниот повик број 4 предвидено е доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица и Тетово.

Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на понудата согласно овој јавен повик може да биде само земјоделско земјиште кое не е предмет на тековни јавни огласи објавени на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанството.

закуп на земјоделско земјиште

Фото: Pixabay

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:

  • подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години,
  • подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
  • подигање на маслинарници за период до 50 години,
  • одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
  • ливади за период до 15 години,
  • за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
  • рибници до 20 години и
  • спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Физичките лица треба да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во  Република Северна Македонија.

Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните лица е во износ на просечна годишна закупнина во регионот за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп постигната во последните три години.

Рокот за доставување на понуди е 30 (триесет) дена сметано од денот на објавата.

За дополнителни информации, потребната документација како и за условите за учество на јавните повици може да ја посетите веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.mzsv.gov.mk).

 

Автор: Христијан Станоевиќ

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.