Малите семејните винарии и Тиквешко Езеро посетувани и од странските и од домашните туристи

Малите семејните винарии и Тиквешко Езеро посетувани и од странските и од домашните туристи

  

 

Зголемен е интересот за посета на мали семејни винарии и Тиквешко Езеро, потврди за МИА, Крсте Соколов, вработен во Секторот за локален економски развој при општината Кавадарци.

-Зголемен е интересот за сместувачките капацитети крај езерото, оние во склоп на фамилијарни винарии, но и за тие што се во самиот град. Интерес има кај домашни, но и кај странски гости. За некои од капацитетите се резервира место со месеци однапред. Се бара место повеќе, вели тој.

Соколов појасни дека голем дел од сместувачките капацитети се пријавени согласно на закон, категоризирани и плаќаат туристичка такса.

-Но, се уште има и такви кои работат без да имаат регулирано работење согласно на закон. Тие се всушност нелојална конкуренција. До нив постојано апелираме да си ги регулираат обврските, за да не бидат санкционирани. Санкционирањето е непопуларна и последна мерка, но законите важат за сите и треба да се почитуваат, дециден е тој.

Соколов додаде дека има интерес и за селски и верски туризам, а гостите сакаат да се запознаат со историјата, културата и традицијата на Тиквешијата

Категории: Вести