Едноставна и практична машина за нижење на тутун

Едноставна и практична машина за нижење на тутун

 

Едноставна и практична машина за нижење на тутун им ја олеснува работата на тутунарите во Босна и Херцеговина. Оваа машина е изум на Анте Алпеза од општината Груде на кој му било потребно не повеќе од месец дена за конструирање на машината.

Процесот на нижење на тутун се изведува рачно или со помош на машини кои што се габаритни и работат со помош на електрична енергија, но изумот на младиот Анте функционира без електрична енергија и не користи игла за нижење на листовите тутун. Машината е релативно лесна за користење и за транспорт. Брзината на нижење на една низа се сведува на 7 минути, дури и за пократок период доколку има уште еден помошник.

Овој изум е патентиран и има продажна цена од 250 евра.

За принципот на работа на оваа машина, погледнете го видеото:

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Иновации