Мечки уништиле пчеларници на Скопска Црна Гора

Мечки уништиле пчеларници на Скопска Црна Гора

Пчеларите од Скопска Црна Гора се жалат дека мечки ги уништуваат нивните пчеларници. Најновиот инцидент се случил во селото Бањани во близина на манастирот Свети Никита.

Големи штети има претрпено пчеларот Оливер Анѓелиќ, односно сите негови сандаци со пчели се целосно уништени.

На Фејсбук страната на Пчеларско Здружение „Матица“ Скопје исто така поплаки за причинети штети од мечки има и во останатите села од Скопска Црна Гора меѓу кои и Брест.

Пчеларите ќе направат проценка на штетите и се надеваат на обештетување.

 

Категории: Вести