МЗШВ успешно го заврши проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“

МЗШВ успешно го заврши проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, Институтот за земјоделство, Конзорциумот We Global, Националната федерација на фармери и други невладини организации, присуствуваше на свечена церемонија со која официјално се затвори проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“.

Проектот е спроведен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од страна на Конзорциумот WeGlobal и неговите партнери, со финансиска поддршка од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија, во вредност од 896.400 илјади евра. Проектот започна на 4 декември 2018 година и траеше 31 месец. Главната цел на проектот е унапредување на конкурентноста на земјоделскиот сектор како и зајакнување на капацитетите во Министерството, Земјоделскиот инспекторат и другите релевантни институции во делот на уредување на земјоделските пазари.

„Уредувањето на земјоделските пазари претставува основа за зголемување на пазарните можности, економскиот развој, како и севкупната продуктивност во земјоделскиот сектор со унапредување на конкурентноста на земјоделскиот сектор согласно барањата за пристапување во ЕУ. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како креатор на политиките, вложува огромни напори да го заштити пазарот на земјоделски производи од нарушувања предизвикани од флуктуации на цените и нелојалната конкурентност со која секојдневно се соочуваат земјоделските производители“ изјави министерот Хоџа.

Штефен Худолин, претставник на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, во своето обраќање се осврна на постигнатите резултати и се она што е сработено за времетраењето на проектот:

– Изработката на подзаконски акти и национална програма за спроведување на училишните шеми за достава на бесплатно овошје, зеленчук, млеко и млечни производи во градинките и училиштата

– Изработката на национална стратегија и програма за поддршка и развој на пчеларството

– Изработка на нов национален предлог Закон за уредување на земјоделските пазари

– Изработка на годишни програми за работа на постојаните потсекторски групи за : овошје, зеленчук, вино, житарици, млеко и млечни производи, мед и вино, како и спроведени обуки на членовите од потсекторските групи

– Подзаконски акти и предлог измени на законската рамка во делот на стандарди за квалитет на свежото овошје и зеленчук

– Обуки на инспекторите и изработка на детален Прирачник за контрола на квалитетот на свежото овошје и зеленчук

– Подзаконски акти за воспоставување на организации на производители, нивно функционирање, подготовка на оперативни програми итн.

 

Категории: Вести