Млад рис фотографиран во Националниот парк „Галичица“

Млад рис фотографиран во Националниот парк „Галичица“

 

 

За разлика од луѓето, рисовите не знаат за граници. Јадреното подрачје на балканскиот рис е Националниот парк „Маврово“. Рисовите ги има и на Проклетие, планината која ја делат Косово, Албанија и Црна Гора. Ова се регионите каде Македонското еколошко друштво (МЕД), албанското друштво за Заштита и превенција на животната средина на Албанија (ППНЕА) и косовската Група за еколошки одговорна акција (ЕРА) се активни за спас на балканскиот рис.

Овој пат млад рис бил фотографиран од специјално поставени камери за следење на активностите на елени во тој национален парк на југозапад од С. Македонија. Раководителот на Одделението за заштита на природата во Националниот парк „Галичица“, Андон Бојаџи, вели дека специјалните сензорски камери направиле неколку фотографии од балканскиот рис на повеќе локации во претходните 18 месеци, но дека таквите податоци не се доволни за да се утврди популацијата на тој загрозен вид и неговата бројност.

Во соработка со Македонското еколошко друштво, додаде тој, се прават напори да се утврди популацијата на балканскиот рис врз основа на бројот на елени, кои се дел од неговата исхрана.

„Таа информација ни треба за да можеме некако да процениме колку рисови има во Националниот парк „Галичица“ и каква е состојбата со пленот, за да можеме да планираме мерки и активности за поддршка на популацијата на балканскиот рис“, рече Бојаци.

 

Извор: МИА

 

Категории: Вести
Tags: Рис