Цената на лебот вртоглаво расте, 1 килограм леб во Италија достигнува цена од 10 евра

Цената на лебот вртоглаво расте, 1 килограм леб во Италија достигнува цена од 10 евра

 

 

Инфлацијата и војната во Украина, покрај цените на гасот и струјата, доведуваат до 13 пати поскапување на брашното, житариците и пченката во Италија. Цената на лебот во просек изнесува 5,31 евро за килограм, но некаде достигнува и до 10 евра, што е рекорден пораст во Италија. По само една недела од војната во Украина, цената на пченката во Италија, која увезува дури 64 % пченица, се зголеми за 17 %, а сојата за исхрана на животните за 6 %.

Ова е анализата на Coldiretti (најголемото здружение за застапување и помош на италијанското земјоделство) врз основа на анализата на Чикашката берза која е светска референца за трговија со земјоделски производи.

Она што доведува до овие зголемувања е затворањето на пристаништата на Црното Море, што ги спречува испораките и создава недостиг на светскиот пазар, каде Русија и Украина заедно сочинуваат 29 отсто од извозот на пченица и 19 отсто од пченката. Таа ситуација директно ја погодува Италија, која увезува дури 64 отсто пченица за производство на леб и 53 отсто пченка која и е потребна за хранење на стоката, покажува анализата на Колдирети. Исто така, таа анализа покажува дека Украина е втор најголем снабдувач на пченка во Италија со удел од нешто повеќе од 20 отсто, но гарантира и пет отсто од националниот увоз на пченица.

„Ова е момент на голема неизвесност поради војната во Украина. Ќе направиме обид да не дојде до недостаток на леб на трпезите на Италијанците и се надеваме дека пекарите нема да ги зголемат цените бидејќи знаат низ што минуваат семејствата“, рече Матео Кунсоло, претседател на Здружението на пекарите во градот Милано и неговата околина.

Меѓутоа, ситуацијата на терен е поинаква. Од суровини до леб – пресметува Assoutenti (Здружение за заштита на потрошувачите), цената расте и до 13 пати. Бензините, рибата, овошјето и зеленчукот бележат исклучително високи поскапувања.

Просечната цена на лебот е 5,31 евро за килограм, но некаде достигнува и до речиси 10 евра за килограм.

Просечниот килограм тестенини чинат две евра, а сега достигнуваат цена од 4,71 евро, како во Каљари, Сардинија.

Цените на бензините на бензинските пумпи во еден момент во северна Италија достигнаа 2,5 евра.

Во Италија има поскапување на лебот чија просечна цена е 5,31 евро за килограм.

Во градот Форли цената на лебот достигна 9 евра за килограм, а во Ферари рекордни 9,8 евра.

Што се однесува до тестенините, Каљари е најскап град, со цена од 4,7 евра за килограм.

Просечната цена на лебот е 5,31 евро за килограм.

Скапа е и Венеција, килограм свеж леб се продава по просечна цена од 5,52 евра, а највисоката постигната цена е 8,5 евра.

Цени над 6 евра за килограм се забележани во многу градови, од Милано до Бари, од Анкона до Мачерата, Болоња, Болцано, Модена, Реџо Емилија, Тренто и Удине.

Најевтини провинции се Неапол (максимум две евра), Козенца (2,5 евра) и Беневенто (2,65 евра).

И во Грција е забележан раст на цените на лебот. Колку за споредба, во продолжение ќе разгледаме како се движат цените на килограм леб во Грција гледано по градови и региони:

Олимпија – 2,60 евра

Милос – 2.50 евра

Серес – 2.40

Амфилохиа – 2.40 евра

Патрас – 2 евра

Цената на гирото достигнува над 3 евра.

 

Категории: Вести, Слајдер