Нема простор за поскапување на лебот, велат од Владата.
„Државата го има откупено вишокот на пченица и доколку е потребно, ќе се пушти во промет за да се регулираат цените“, вели премиерот Зоран Заев.
Рече дека сега не се размислува за интервенција на државата по најавите дека цената на лебот ќе се зголеми, затоа што досега се интервенирало со намаленото ДДВ на цената на струјата.
Цената на пченицата на светските берзи во последните неколку недели расте. Од почетокот на годинава досега, цената за еден тон пченица е зголемена за 15,3 проценти.
Како причини за раст на цената на пченицата, Светската агенција за храна ги наведе влијанието од коронавирусот, но и помалите произведени количества поради сушата.