Николовски: Ќе продолжиме да го стимулираме производството на ориз Програмата за директни плаќања за 2022 година

Николовски: Ќе продолжиме да го стимулираме производството на ориз Програмата за директни плаќања за 2022 година

 

 

На средбата со оризопроизводителите во Кочани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски порача:

,,Ќе продолжиме да го стимулираме производството на ориз преку ,,Програмата за директни плаќања за 2022 година”, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре.”

Николовски, заедно со заменик министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, и претставници од МЗШВ разговараше со оризопроизводителите за состојбата со производството на ориз, откупот, како и предлозите за поддршка на производството на ориз.

-Слушајќи ги денешните предлози на оризопроизводителите се изрази потребата за мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе направиме консултации со сите институции за нивна реализација. Целта е заедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот, рече министерот Николовски и посочи дека навремената и неселективна исплата на субвениците ќе продолжи, почитувајќи го календарот за исплата на субвенциите за мерките од програмите.

Потсети дека во периодот од 2017 до 2019 година се зголемија субвенциите за оваа култура, се воведуваа дополнителни мерки за предадена оризова арпа во периоди кога имаше проблеми со откупната цена за што по тој основ се исплатени близу осум милиони евра.

-За првпат се воведе мерката за зелена нафта за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта, за што во последните три години им се исплатени околу 300 илјади евраза на 6825 земјоделци корисници на мерката зелена нафта само во Кочани, рече Николовски.

 

Категории: Вести