Оризопроизведителите бараат целосна исплата на субвенициите до крај на фебруари

Оризопроизведителите бараат целосна исплата на субвенициите до крај на фебруари

 

Оризопроизводители го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Облешево и ги ги изнесоа своите барање до министерството за земјоделство.

,,Бараме со финансиската поддршка од три денари за килограм арпа, обезбедена од КОВИД мерките, да бидат опфатени сите оризопроизводители, наместо само некои, а рокот да биде продолжен до септември оваа година, истакна Тони Максимов, земјоделец од Облешево кој беше дел од лицата кои денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки.”О

Оризопроизводителите на протестот нагласија дека веќе трет пат за половина година излегуваат на улица со своите барања и очекуваат средба со министерот за земјоделство, за да укажат на безизлезната состојба во која се наоѓаат.

Се заканија со радикализирање на протестот, односно со проширување на блокадата.

Максимов нагласи дека останатите субвенции треба да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“.

-Исто така, бараме да се реорганизира акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати како порано, на ниво на општина и водни заедници, кога самите земјоделци можеа да се организираат околу наводнувањето на површините. Ако не се сретнеме со министерот или со премиерот, ќе ги блокираме и двете коловозни ленти на магистралниот пат, истакна земјоделецот.

 

 

Категории: Вести