Конференција за ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – иднина на земјоделството и руралниот развој

Конференција за ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – иднина на земјоделството и руралниот развој

 

 

„Паметното земјоделство има реален потенцијал да обезбеди попродуктивна и поодржлива форма на земјоделско производство, заснована на попрецизен и поефикасен пристап за користење на ресурсите“.

Земјоделскиот институт – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на проектот “EIT Food Start-Up Awareness Event“, финансиран од Европската Унија преку Европскиот Институт за Иновации и Технологии – EIT Food организира конференција „Паметно земјоделство – иднина на земјоделството и руралниот развој“.

Конференцијата ќе се одржи на 9 ноември 2022 год. (среда) во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ Скопје (INNOFEIT) при Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ. На конференцијата ќе учествуваат експерти од науката, образованието, приватниот сектор и земјоделските организации, со предавања и дискусии од областа на паметното земјоделство, со акцент на актуелните дигитални практики и предизвиците за нивното воведување во земјоделството и руралниот развој.

Информации за пријавувањето и агендата ќе најдете на веб-страницата на Земјоделскиот институт – Скопје http://zeminst.ukim.edu.mk/.

 

 

Категории: Вести, Слајдер