Отклучување на придобивките од легуминозните култури:
Подобрување на одржливоста на агроекосистемите
ВАЛЕРЕКО е нов проект финансиран во рамките на Хоризонт Европа програмата. Проектот обединува разнолик конзорциум од 15 партнери од 11 земји и официјално започна со успешен Почетен состанок во Атина, Грција.
Во текот на почетниот состанок на 17 и 18 јуни 2024 година, беше организиран јавен настан за претставување и покренување на прашања поврзани со целите на проектот, како што се продуктивните, климатско неутралните, еколошките и отпорните земјоделски системи.
ВАЛЕРЕКО има за цел да ги истакне честопати занемарените придобивки од легуминозните култури и да ја поттикне нивната интеграција во системите за одгледување, поддржувајќи ја еколошката одржливост во земјоделската продуктивност.
Главната цел е да се промовира разбирањето и прифаќањето на легуминозните култури во земјоделството преку квантифицирање и зголемување на еколошката и економската вредност на екосистемските услуги (ЕУ) кои ги нудат легуминозните култури. Проектот ќе го промовира знаењето и капацитетот на земјоделците и земјоделските советници да вклучат осум главни и четири помали видови на легуминозни култури во нивните шеми за одгледување, истовремено зголемувајќи ја свесноста за позитивните еколошки и економски влијанија.
Како што вели проф. Илијас Травлос, координатор на проектот „во ерата на намалување на биодиверзитет, климатските промени и небезбедноста на храната, притоа имајќи ја во предвид моменталната популарност на легуминозните растенија во истражувањата и политиките на ЕУ, нашата амбиција е да ја валоризираме вредноста на легуминозите и нивните екосистемски услуги и да предложиме и оцениме реалистични и одржливи начини за нивно вклучување во различните земјоделски системи”.
Зошто се важни екосистемите услуги на легуминозните растенија?
Вклучувањето на легуминозни култури во системите за одгледување нуди значителни предности, вклучувајќи подобрено здравје на почвата, зголемен биодиверзитет и намалена потреба за синтетички ѓубрива. Сепак, многу земјоделци често ги потценуваат или не се свесни за овие предности.
ВАЛЕРЕКО ќе ги испорача и измери значајните екосистемски услуги обезбедени од легуминозните култури во различни системи на одгледување. Ова подразбира вклучување на главни култури кои се користат како храна или сточна храна, но и помошни култури кои ги вклучуваат покривните култури или т.н. жива прекривка. Проектот ќе ја процени важноста на три главни мешунки (соја, грашок, наут), пет главни фуражни култури (граор, детелина, бела детелина, црвена детелина, луцерка), една помала фуражна култура (еспартеза), и три мешунки со поситно зрно (лупина, фаба грав, леќа). Овие култури можат да бидат и едногодишни и повеќегодишни и може да се одгледуваат сами или во комбинација со други култури.
ВАЛЕРЕКО проектот усвојува сеопфатен пристап, сумиран како Идентификувај – Валоризирај – Дисеминирај Екосистемски Услуги (ЕУ) на Легуминозните култури, обезбедувајќи знаење, ресурси и иновативни решенија потребни за ефективно одгледување на легуминозните култури. Овој пристап вклучува:
• Идентификација: Спроведување на детални анализи на постоечките екосистемски услуги и истражување на начини за интеграција на мешункастите култури во новата Заедничка Земјоделска Политика (ЗЗП).
• Валоризација: Воспоставување девет (9) Living Labs (LLs) во шест (6) европски земји за промоција на усвојувањето на легуминозите преку стратегии за бихејвиорален дизајн, партиципативни испитувања и демонстрација на технички и економски решенија.
• Дисеминација: Создавање на Дигитален Информативен Центар за Легуминозни култури (ДИЦЛ), Систем за Поддршка при Одлучување (СПО) и Платформа за Е-учење за подобрување на преносот на знаење и поддршка при донесување одлуки за земјоделците и советниците.
ВАЛЕРЕКО проектот вклучува повеќе учесници, како земјоделци, земјоделски советници, истражувачи, индустриски претставници, креатори на политики и потрошувачи, кои ќе бидат инволвирани во ко-креирачки активности и демонстративни настани за да го презентираат потенцијалот на диверзифицираните земјоделски системи засновани на легуминозни култури во ВАЛЕРЕКО LLs. Дополнително, ќе обезбеди препораки за креирање политики и ќе соработува блиску со национални и меѓународни проекти, мрежи и организации за да се осигура дека материјалот за градење капацитети ќе достигне широка публика и поголеми размери.
Клучни факти и бројки | |
Инструмент | Хоризонт Европа |
Времетраење | 4 години, 2024-2028 |
Конзорциум | 15 партнери од 11 земји |
Координатор на проектот | Ass. Prof. Ilias Travlos, Agricultural University of Athens Iera Odos 75, 11875, Greece travlos@aua.gr |
Проектна комуникација | Dimitris Fotakidis Foodscale Hub Greece L.Sofou 20, 57001 Thermi, Thessaloniki, Greece dimitris@foodscalehub.com |
Изјава за одрекување од одговорност Финансирано од Европската Унија. Ставовите и мислењата изразени се исклучиво на авторот(ите) и не значи дека истите ги одразуваат оние на Европската Унија или на Извршната агенција за истражување. Ниту Европската Унија ниту органот што го доделува грантот не може да бидат одговорни за нив. |