Продолжен рокот за аплицирање за субвенционирана набавка на системи за наводнување

Продолжен рокот за аплицирање за субвенционирана набавка на системи за наводнување

 

Рокот за јавниот повик за субвенционирана набавка на системи за наводнување, ќе се продолжи за 15 дена, заклучно со 11.02.2022 година.

– Оваа одлука ја донесовме во консултација со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, а поради зголемениот интерес за јавниот повик-објави попладнево Министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на својот фејсбук профил.

Земјоделците кои не успеале да го запазат рокот, ќе добијат нова можност да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода”.

-Барањата и предлозите на земјоделците се наш врвен приоритет- додаде министерот Николовски.

 

За повеќе информации во врска со ПОВИКОТ и за начинот на аплицирање прочитајте на следниов ЛИНК.

Категории: Вести