Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство имаше состанок со претставници од Светската банка.
Разговаравме за започнување на постапката на проектот за модернизација на земјоделството во Р. С. Македонија, соопшти Николовски.
„Овој голем и значаен проект опфаќа промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, како и изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и Струмица.
Дополнително со овој проект ги зајакнуваме капацитетите на МЗШВ за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост, ги зајакнуваме имплементирачките капацитети на Платежната агенција, и воведуваме систем за безбедно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло.
Ја продолжуваме и продлабочуваме соработката, работиме во интерес на граѓаните“, истакна Николовски.