Гиганти во заштитата на растенијата со нов проект за автоматско препознавање на штетници

Гиганти во заштитата на растенијата со нов проект за автоматско препознавање на штетници

 

Започната е соработка на глобално ниво помеѓу двете водечки компании за управувањето со штетници во земјоделството, БАСФ Дигитал Фарминг и Песл Инструментс. Целта на оваа соработка е да се создаде нова платформа која ќе овозможи навремено препознавање на штетниците и побрз трансфер на информации се со цел фармерите успешно да се справат со разните штетници без да трпат загуби во квалитетот и количината на приносот. Сето ова ќе се овозможи преку спојување на хардверските и софтверските способности на Песл со софтверот за препознавање и анализи кој е креиран од страна на БАСФ. Првиот дел од проектот ќе се фокусира на развој на целосен автоматизиран процес за мониторинг и моделирање на развој на штетници во производството на јаболка и грозје.

Овошје фармер јаболка таблет прецизно земјоделство

„Еден од најголемите предизвици во лозарството и овоштарството е да се соберат навремени информации за присуството на штетниците во насадите, како и прецизно да се одреди фазата на развој на различни видови штетници. Но, со оваа соработка можеме да го решиме проблемот заедно и имплементацијата на прецизното земјоделство да гарантира ефикасна употреба на средства за заштита, што е добра работа за фармерите, одржливоста и биодиверзитетот”, изјави Бјорн Кипе, одговорен за агрономија од БАСФ Фарминг.

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести