Во пораст цените на основните прехранбени продукти

Во пораст цените на основните прехранбени продукти

 

 

Според најновите податоците на Државниот завод за статистика за месец октомври 2021, индексот на трошоците на животот во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.0.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2.5 %, маслото и маснотиите за 2.3 %, лебот и житата за 1.8 %, месото за 1.7 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1.2 %, млекото за 0.7 %, сирењето и урдата за 0.5 %, рибата и морските плодови, жестоките пијалаци за 0.3 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.9 %, свежото и разладеното овошје за 2.0 %, пивото за 1.0 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, виното за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи зголемување од 4.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6.1 %.

 

Извор: Државен завод за статистика

Фото: Pixabay

Категории: Вести, Пазари

Слични Новости