Супермаркети користат картонски исечоци за да гo сокријат недостатокот на производи на полиците

Супермаркети користат картонски исечоци за да гo сокријат недостатокот на производи на полиците

 

 

Супермаркетите во Велика Британија користат картонски исечоци од овошје, зеленчук и други намирници за да ги пополнат празнините на полиците, бидејќи проблемите со снабдувањето како и промената кон помал асортиман на производи претставуваат проблем за големите ланци на маркети.

Ланецот на маркети, Теско почна да користи слики од аспарагус, моркови, портокали и грозје во своите патеки за свежи производи, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Исто така и во Факенхам купувачите забележале лажни моркови, како картонски аспарагус во Лондон, слики од портокали и грозје во Милтон Кејнс, како и 2Д шишиња со течност за перење во Кембриџ.

Оваа тактиката почна да се применува, бидејќи недостигот на возачи на товарни возила и собирачи и пакувачи на фарми и погони за преработка на храна доведоа до мала достапност на некои артикли во супермаркетите.

Аналитичарот за малопродажба на „Шопфлор инсајтс“, Брајан Робертс, рече дека дури последнава година почнал да забележува картонски слики од свежи производи, но вели дека слични тактики подолго време се применуваат насекаде во супермаркетите.

„Тоа стана сосема вообичаено. Тоа не е само поради недостиг, туку и затоа што многу од поголемите продавници сега едноставно се премногу големи“, рече Робертс.

Теско тврди дека употребата на слики од овошје и зеленчук не е поврзана со неодамнешните проблеми во синџирот на снабдување. Супермаркетите и производителите го намалија асортиманот на разни видови тестенини, кафе или чаеви што ги продаваат за да го олеснат протекот на стоки.

Некои кабасти и не многу исплатливи производи, како што се флаширани газирани пијалоци и вода, исто така се симнати од листата на приоритети за испорака поради недостиг на возачи, што значи дека може да има поголеми празнини на полиците од вообичаеното.

Подемот на онлајн купувањето, во меѓувреме доведе до тоа многу супермаркети повеќе да не чуваат непрехранбени производи како што се телевизори, ЦД-а или бојлери како што некогаш правеа, оставајќи празни места што многумина не можеа да ги пополнат со алтернативни производи. Некои донесоа други услуги, како што се оптичари, клучари или хемиско чистење за да заземат простор.

Картонските исечоци од скапи предмети, како што се детергенти, протеински прашоци и алкохолни пијалаци како џинот, понекогаш се користат и за да се спречи кражба во продавници. Сликите на предметите се ставаат на полиците за да се означи дека се достапни, а клиентите вистинскиот производ го добиваат на касата.

 

Извор: Гардијан

Категории: Вести