Благ пораст на малопродажните цени на нафтените деривати
643 Прегледи
Преглед
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 ден/кг и сега ќе изнесува 42,761 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,50 ден/лит и 77,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 67,00 ден/лит, односно 67,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .
Категории:
Вести
Слични Новости
Асоцијацијата за е-трговија повикува: Побрзајте и аплицирајте за проектот „Agri e-commerce” – остана уште малку време!
Успешен проект на здружение од Босна и Херцеговина – Заштита на потеклото на Дрварскиот матен пекмез од дренка

