Шпанија итно ќе набавува пченка од Аргентина и од САД

Шпанија итно ќе набавува пченка од Аргентина и од САД

 

 

Шпанија планира да одобри итна набавка на пченка од Аргентина и САД за производство на добиточна храна поради недостигот предизвикан од конфликтот во Украина.

Ова го изјави министерот за земјоделство Луис Планас. Шпанија набавува сточна храна во Украина и сега бара од Европската комисија да ја укине контролата на увозот.

Минатиот петок, надлежниот комитет на Европската комисија одобри отстранување на некои технички ограничувања за максимално дозволеното количество на остатоци од пестициди во добиточната храна, со „целосна гаранција и безбедност на трговијата со земјоделско-прехранбени производи“, соопшти Планас.

„Денеска ќе се сретнеме со увозниот сектор и се надеваме дека во следните неколку часа ќе донесеме одлука која ќе ни овозможи да ја надминеме оваа техничка пречка“, најави тој. Нема пречки за издавање дозволи за увоз на пченка за добиточна храна од САД, додаде шпанскиот министер.

 

Категории: Вести