Успешни земјоделски приказни од Македонија, препознаени и признати од европските експерти

Успешни земјоделски приказни од Македонија, препознаени и признати од европските експерти

 

Поради брзото темпо на живот во урбаните средини, во последните години постои тенденција на преселба на младите луѓе кон руралните средини. Оние кои веќе живеат таму, немаат намера да го напуштат селото и да го заменат со град. Но, тука постои и еден мал конфликт на интереси. Имено, иако младите веќе не се одлучуваат лесно да го напуштат селото, сепак велат дека во руралните средини има толку многу нешта кои би можеле да се подобрат. Сликата е иста, како во Македонија, така и во земјите членки на ЕУ. Од ЕУ фондовите се одвојуваат средства за проекти чија единствена цел е руралните средини да станат попривлечни за луѓето, поотпорни и поодржливи, притоа привлекувајќи што поголем број на луѓе да останат или да се доселат во истите. Еден од тие проекти е и Полирурал.

Клучната цел на Полирурал проектот е да поттикне развој на руралната политика, да понуди сигурно и транспарентно решение за руралниот развој преку вклучување на сите засегнати страни (земјоделци, експерти, носители на одлуки) во насока на креирање попривлечни и подостапни руралните области за постојното население и потенцијалното ново рурално население.

Полирурал има за цел да обезбеди инклузивно опкружување за размена на знаења и искуства каде руралното население, истражувачите и креаторите на политики се здружуваат за решавање на заедничките проблеми. Преку квалитативни и квантитативни пристапи на истражување проектот ќе обезбеди евалуација на ефективноста на постојните мерки и политики за рурален развој и ќе понуди иновативни предлози за стимулација на руралната политика со изработка на студија за предвидување која ќе ја инкорпорира развојната траекторија на земјоделството и останатите поврзани сектори до 2040 година, користејќи различни сценарија во кои еволуцијата на руралното население зазема централно место. Врз основа на овие активности од Полирирал ќе произлезат препораки кои ќе им овозможат на носителите на одлуки на различни нивоа да бидат подготвени за справување со постојните и идните предизвици во однос на развојот на руралните средини.

Македонските компании кои беа дел од овој проект, идентификуваа повеќе успешни приказни на поединци ширум земјава. Станува збор за лица кои одлучиле да останат и лица кои се новодојденци во рурална средина. Во кусите видеа подолу ќе можете да ги погледнете сториите на Никола Богдановски (сопственик на „Моја Фарма Богдановски“ с. Кадино, Скопје), како и Васка Мојсовска (сопственик на расадникот „Агро Калем“ с. Тимјаник, Неготино).

 

Повеќе успешни земјоделски приказни можете да погледнете на страната на проектот Полирурал: https://polirural.eu/resources/videos/ 

 

Категории: Вести, Слајдер