Maкедонско вино на меѓународниот Слоу вајн саем во Болоња

Maкедонско вино на меѓународниот Слоу вајн саем во Болоња

 

 

Седум македонски винарии учествуваат на меѓународниот Слоу вајн саем во Болоња кој ќе трае од 27 до 29 март.

Меѓу учесниците се тиквешките семејни винарии Наумчеви, Ерос, Јаковлевски, Вински подрум Попови, Захарчев, Пешков, како и винаријата Шато Камник. Тие ќе ги претстават своите вина пред интернационалната публика составена од вински професионалци, дистрибутери на вино, сомелиери, вински критичари и писатели, угостители и готвачи и вински ентузијасти.

Според Програмата, денес ќе бидат претставени македонскиот и Slow Wine водичите на Италија, САД, Кина, а Германија ќе го претстави искуството за сертифицирање.

Саемот во текот на трите дена ќе понуди конференции, мастер предавања и дегустации достапни за сите љубители на виното, а ќе биде и домаќин на првиот состанок на Slow Wine Coalition, инклузивна, колаборативна и меѓународна мрежа која ги обединува винарите, ентузијастите и професионалците од секторот.

Учеството на меѓународниот Слоу вајн саем во Болоња го организира Слоу Фуд Македонија со поддршка на Слоу Фуд Интернационал и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Извор: МИА

 

Категории: Вести, Слајдер

Слични Новости