Руралните подрачја го имаат клучот за здраво, напредно и развиено општество

Руралните подрачја го имаат клучот за здраво, напредно и развиено општество

 

Европските рурални средини се клучните системи во европското општество кои што обезбедуваат храна, работни позиции и есенцијални услуги. Европската Комисија, за да се осигура дека и понатаму руралните средини ќе имаат главна улога во создавање на подобра средина за живот, создаде план и визија за развојот на руралните средини кој ќе трае до 2040 година. Оваа визија се стреми кон создавање на посилни, конектирани, отпорни и просперитетни рурални области и заедници.

Како последица на оваа идеја е создаден Руралниот Пакт кој ќе ja мобилизира јавната власт и сите засегнати страни да дејствуваат според потребите и аспирациите на луѓето кои што живеат во руралните средини. Исто така, Европската Комисија ќе стави фокус на создавање на нови можности за започнување на иновативни бизнис идеи, достапност до високо квалитетни работни позиции, промовирање на нови и подобрени вештини, подобрена инфраструктура и услуги, како и промовирање на улогата на одржливото земјоделство.

“Руралните средини се сржта на нашето општество и срцето на нашата економија. Тие се основниот дел од нашиот идентитет и нашиот економски потенцијал. Со овој пакт ќе се потрудиме да ги зацврстиме и одржиме нашите рурални средини и ќе инвестираме во нивната иднина” – изјави претседателот на Европската Комисија, Урсула ван дер Лејен.

Преку создавање на акциската програма, дефинирани се четири клучни акциски области и тоа: посилни рурални области (развој на иновативност во услугите преку дигитализација), конектирани рурални области (подобрен јавен транспорт и подобрена дигитална инфраструктура), отпорни рурални области (справување со климатските промени, природните катастрофи и економски кризи) и просперитетни рурални области (да се создадат услови за поголема атрактивност меѓу приватните компании и зголемување на дигиталната писменост).

Во склоп на Европската Хоризон програма наменета за истражување и иновации е и проектот ПОЛИРУРАЛ кој што се фокусира кон решавање на депопулацијата, напуштањето на обработливи површини и намалување на биодиверзитетот во руралните средини. Како дел од Полирурал проектот, континуирано се развиваат 12 пилоти меѓу кои е и пилотот во С.Македонија кој е предводен од страна на координаторите АгФутура Технологии и Платформа за зелен развој.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Полирурал проектот: https://polirural.eu/.

За повеќе информации за активностите и резултатите на Пилотот 11, регион Гевгелија-Струмица, во Северна Македонија, посетете ја официјалната веб страна на пилотот: https://hub.polirural.eu/gevgelija-strumica-north-macedonia.