Русите создадоа нискобуџетен дрон за апликација на пестициди

Русите создадоа нискобуџетен дрон за апликација на пестициди

 

Група на истражувачи од рускиот државен  универзитет Астракан создадоа иновативен нискобуџетен дрон за апликација на пестициди и ѓубриво.

“Името на дронот е Агродеј и е создаден единствено од дрон со четири пропелери и резервоар со прскалки“ – изјави Димитри Резтцов, инжинер кој е дел од групата на универзитетски истражувачи за напредни технологии. 

Овој дрон може рачно да се контролира со помош на оператор, но исто така може и автоматски да ги изведува операциите преку претходно дефинирање на координати за лет. Моментално максималната тежина која што може да ја подигне овој дрон е 2 килограми. Истражувачите сѐ уште не се сигурни која е максималната површина која што може да ја покрие дронот при прскање или ѓубрење. 

И покрај слабите перформанси вниманието на јавноста го привлече трошокот потребен за да се создаде еден ваков дрон. За создавањето на прототипот биле потрошени само 1.500 евра, цена која што значително би се намалила доколу производот влезе во сериско производство. 

Дронот е пратен на тестирање во Гана, откако африканските инвеститори биле заинтересирани за овој нов нискобуџетен дрон. По тестирањето ќе бидат објавени поголем број на детали во врска со иднината на дронот. 

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести