Рускиот дисконтен синџир маркети „Мере“ влегува во Македонија

Рускиот дисконтен синџир маркети „Мере“ влегува во Македонија

 

Со отварање на фирма во Република Македонија – Рускиот дисконтен синџир маркети „Мере“, или како што на Запад го нарекуваат „рускиот Лидл“ го најави својот влез во нашата држава. Пуштени се повеќе огласи за вработување на различни позиции. Се бараат вработени за повеќе градови низ цела држава.

Компанијата веќе објави огласи за вработување во кои се бара менаџери за развој во Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Струмица, Гостивар, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Прилеп, Битола и Кавадарци, менаџер за набавки, систем администратор…

Овој руски синџир супермаркети во британските медиуми го опишуваат како „руски Лидл“, поради тоа што работи со цени дури за 30 проценти пониски од најповолните маркети во Велика Британија, како што се „Алди“ и „Лидл“. Има 3.200 продавници ширум светот.

Во нашиот регион присутен е и во Србија од декември лани, и таму планира да отвори вкупно 100 продавници.

Домашните синџири на дисконтни продавници добиваат сериозна конкуренција. Пред „Мере“, своето присуство официјално го најави и германски „Лидл“, со отворање на маркети во осум града, како и изградба на голем логистички центар преку кој што ќе оди нивното снабдување, што е вообичаена практика во сите земји каде што е присутен овој познат малопродажен бренд. Вредноста на целата инвестицијата е 300 милиони евра.

 

Категории: Вести