Сезоната на грипови и настинки е пред нас – Кои се придобивките од консумирање на зимски чај?
774 Прегледи
Категории:
Здрава храна
Кога температурите ќе почнат да опаѓаат, мирисот на топло чајче ни дава некое чувство на комфор кое тешко може да се опише. Без разлика дали сакате само да го зајакнете имунитетот, да се затоплите или едноставно да уживате во топол пијалок, чајот е секогаш одличен избор.
Во овие зимски месеци, со почетокот на сезоната на грипови и настинки кај повеќето луѓе може да се јават симптоми како што се течење на носот и суво грло. Еден од начините да ги ублажите и спречите овие симптоми е почесто пиење на топли напитоци.
Повеќето чаеви совршено се комбинираат и се надополнуваат, создавајќи едноставно неодоливо уникатен вкус и арома со изобилство на витамини во секоја голтка. Благодарение на овој топол напиток истовремено ќе се загреете и ќе го зајакнете организмот во периодот на настинки и грип и ќе го заштитите вашето здравје од болести.
Зимскиот чај е вид на билен чај кој се состои од многу различни билки и зачини кои лесно можете да ги набавите во билните аптеки, а воедно е и лесен за приготвување.
Зимскиот чај е многу корисен за вашето здравје. Содржи различни ефективни и моќни билки и зачини, а нивната комбинација има позитивно влијание во зајакнување на имунитетот и во ублажувањето на симптомите на настинка и грип.
Го заштитува вашето тело од болести преку зајакнување на имунолошкиот систем
Спречува болести како што се грип и настинки. За да не бидете болни во зимските месеци, редовното консумирање на зимскиот чај го штити вашето тело од болести.
Ја подобрува меморијата
Го ублажува заморот и исцрпеноста при што дава дополнителна енергија
Ја омекнува кашлицата и болките во грлото
Ја подобрува циркулацијата
Има смирувачки и релаксирачки ефект
Ја поттикнува работата на цревата и го намалува чувството на надуеност
Ги смирува мачнините во желудникот
Ги спречува негативните ефекти на бронхитисот
На системот за дишење делува како антисептик и антиспазмолитик, со што помага во случај на воспаление на дишните патишта, астма, воспаление на синусите и крајниците
Го спречува ревматизмот со подобрување на болките во мускулите и коските
Зимски чај од липа
Состојки: два листови жалфија, четири листови цвет од калинка и пет листови липа
Сите состојки додадете ги во шолја со топла зовриена вода, и нека отсојат 5 минути. Потоа процедете и засладете со мед.
Зимски чај од еукалиптус
Состојки: два листови жалфија, три листови еукалиптус, едно стапче цимет, половина лажиче камилица и ѓумбир со големина на орев.
Сите состојки се ставаат во врела вода и се варат 5 минути, чајот потоа се процедува и се консумира.
Зачинет зимски чај
Состојки: една лажичка хибискус, една лажичка цвет од бел слез, една лажичка шипинки, една лажичка сок од лимон, една лажичка ѓумбир, една лажичка цимет, три – четири каранфилчиња и 500 ml вода.
Во зовриената вода додајте ја шипинката, бел слез, и хибискус соодветно. Откако овие растенија ќе се натопат во вода три минути, додадете цимет, каранфилче и ѓумбир варете уште неколку минути и исцедете ги. Каранфилчето и ѓумбирот кои се користат во зимскиот чај се ефикасни во уништувањето на бактериите во организмот со своите антисептички својства. Цветот од бел слез е совршен за кашлица. По желба, кога чајот малку ќе олади, додадете свежо исцеден лимон.
Јаболко и цимет
Состојки: цимет, парчиња јаболка, ројбос и цветови од невен.
Јаболкото и цимет е најкласичниот од сите зимски вкусови. Оваа мешавина е создадена за да ги задоволи непцата на сите љубители на чај од цимет.
Чај од ѓумбир и лимон
Состојки: еден лимон, парче корен од ѓумбир од 2 см, ситно исечен, мед по вкус
Ситно исечканиот ѓумбир поделете го во две шолји и попарете го со зовриена вода, Оставете го да отстои пет минути и процедете. Додадете го сокот од лимон и засладете со мед.