Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска објави два јавни повици, наменети за поддршка на сточарството.
Средствата се обезбедни од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.
Наменети се за сточарското производство и ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите за да ги обновуваат своите стада со набавка на педигрирани говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал. Средствата може да се искористат и за поддршка на овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата.
Крајниот рок за доставување на барањата за Јавниот повик бр.04/2021 е 04.07.2021 година, а за Јавниот повик бр. 05/2021 е 05.07.2021 година.
Сточарите може да аплицираат и да ги искористат поволностите кои се предвидени во двата Јавни повици.
Повеќе информации на следниот линк.