Сточарите незадовлони од намалувањето на сувенциите предвидени за 2022 година

Сточарите незадовлони од намалувањето на сувенциите предвидени за 2022 година

 

 

Одгледувачите на овци лути по објавата на владината програма со деталите за која земјоделска гранка колку пари за субвенции се предвидени за 2022 година. Откако увиделе дека парите за поддршка на сточарството се скратени побарале средба но таму ги примил Димковски кој веќе не е заменик министер за земјоделство.

Бараат средба со надлежните и враќање на старите субвенции наместо скратени за да можат да опстанат во време кога се е поскапено. Тие лани добиваа по 1300 денари субвенција по грло, 1000 денари за задржано женско јагне и интервентна мерка од 400 денари додека годинава за грло субвенцијата е скратена на 1000 денари, скратени е и за задржано женско јагне на 700 денари а 400 денари наместо интервентна сега е редовна мерка.

Дека државата ги остава на цедило сточарите  на прес конференција обвинија и од опозициската Вмро Дпмне од каде посочија и дека во ек на економска криза власта донела програма со која парите за земјдоелските субвенции се намалени за 40 милион евра.

 

Извор: Канал5

 

Категории: Вести