Трактори и комбајни како модели на Tesla

Трактори и комбајни како модели на Tesla

Електрификацијата пристигнува и кај земјоделските машини. Неколку стартапи се во трка за следниот електричен трактор или комбајн кој ќе биде инспирирани од Tesla. Тоа значи супер издржлива батерија, мала потрошувачка, одличен дизајн и автопилот.

Во земјите во кои има развиено земјоделство, издувните гасови од тракторите и комбајните придонесуваат за една петтина од емисиите на стакленички гасови. Замената на моторите кои работат на фосилни горива со батерии и електрични мотори може значително да го намали загадувањето.

Честите промени на цените на горивата, како и покачувањето на давачките за дизелот и нафтените деривати ги ставаат земјоделците во неповолна положба. Нивните трошоци се зголемуваат, а поскапите енергенси влијаат на оперативноста, како и на конкурентноста.

Неодамна и во Македонија со новиот данок за дизел горивата дојде до поскапување на нафтата, енергенс кој е примарен во македонското земјоделско производство. Затоа замената на земјоделската механизација со електрични трактори може да ги реши овие проблеми.

Иновациите кои се на повидок се навистина возбудливи. Некои модели се дури и без кабини и може удобно да се управуваат со помош на таблет и преглед во живо од преносот на камерите. Земјоделците со автоматизираните процеси на механизацијата со електричен погон ќе имаат повеќе време за завршување на останатите обврски во текот на денот.

 

Категории: Вести

Слични Новости