Стратегии и опции за исхрана на животните со цел намалување на употребата на антимикробни средства во производството на месо

Стратегии и опции за исхрана на животните со цел намалување на употребата на антимикробни средства во производството на месо

 

Антимикробната отпорност (AMO) претставува сè поголема глобална закана. Несоодветната употреба на антимикробни средства во здравствената заштита на луѓето и производството на животни се главниот двигател на АМО. Ограничената употреба на антимикробни средства е на агендата во светски рамки. Производителите воспоставуваат најдобри практики во биосигурноста, здравствената заштита, благосостојбата на животните, генетиката, управувањето со фармите, ракувањето со храната за животни, како и благосостојба на животните, до реално остварлив степен, и од практична и економска перспектива. Функционалната исхрана на животните заради унапредување на здравјето на животните е една од достапните алатки за да се намали потребата од антимикробни средства во производството на животни.

Во таа насока, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објави публикација за стратегиите и опциите за исхрана на животните со цел намалување на употребата на антимикробни средства во производството на месо, со цел намалување на ризикот од ентеро здравствени проблеми за време на критичните периоди на транзиција кога употребата на антибиотици е релативно висока. Обработени се принципите на одбранбен механизам на домаќинот кои можат да бидат под влијание и поддржани од исхраната на животните. Покрај тоа, опишани се главните алатки достапни за формулирање на режим на исхрана и управување со храната за животни и водата за пиење.

Дополнително, во оваа публикација детално се обработува практичната примена на алатки за режимот на исхрана за време на критичните периоди на транзиција во животниот век на свињите, живината и преживарите, со акцент на категориите животни за кои употребата на антибиотици е на највисоко ниво (на пр. прасиња, бројлери и телиња).

Целата публикација е достапна на следниот линк: http://www.fao.org/3/cb5524en/cb5524en.pdf

 

Фото: totallyveganbuzz.com

 

Категории: Вести