Проект CITIES2030: Иновативни политики и праведни земјоделско-прехранбени ланци како алатки во трансформација на прехрабените системи во урбаните области

Проект CITIES2030: Иновативни политики и праведни земјоделско-прехранбени ланци како алатки во трансформација на прехрабените системи во урбаните области


Континуираниот раст на човековата популација е проследен со зголемување на потребите од храна. Снабдувањето со храна во урбаните средини претставува комплексен систем кој вклучува поголем број на вредносни ланци, без разлика на степенот на нивна населеност или пак површината. 

Како извори на храна во урбаните средини се јавуваат фарми и произведувачи на прехранбени производи лоцирани во непосредна близина на урбаните средини, но голем дел од вредносните ланци за снабдување со храна и прехранбени производи вклучуваат производи со потекло од подалечни региони, а во некои случаи и различни континенти.

Експанзијата на урбаните средини и глобалната несигурност во однос на снабдувањето со безбедна храна со задоволителен квалитет доведуваат до потреба од замена на традиционалните прехранбени системи во урбаните средини со нови кои ќе бидат адекватни на потребите на современиот човек и ќе имаат што е можно помали негативни ефекти кон животната средина.

Трансформацијата на прехрабените системи во урбаните средини e клучна во гарантирање на пристапот до храна со задоволителни нутритивни вредности. Новите системи треба да обезбедуваат квалитетна храна која можат да си ја дозволат сите жители во урбаните средини, да промовираат одржливост во животната средина преку ефикасно користење на природните ресурси и редуцирање на отпадот и да имаат економски бенефити преку создавање на нови работни места и зајакнување на локалната економија.

Дополнително, трансформацијата на прехранбените системи во урбаните области ќе ја зголеми социјалната правдa преку намалување на недостатоците со храна и зајакнување на маргинализираните групи. Современите прехранбени системи се карактеризираат со поголема отпорност кон глобалните промени на пазарот и прекините на ланците на снабдување.

Проектот CITES2030 („Ко-креирање на стабилни и одржливи системи на храна во согласност со FOOD2030“) e финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хoризонт 2020. Конзорциумот на овој проект е составен од 41 партнер од 19 европски земји, а дел од партнерите се компанија АгФутура Технологии, како и Здружение Платформа за Зелен Развој.

CITES2030 ги обединува истражувачите, претприемачите, лидерите на граѓанското општество и сите останати релевантни чинители во урбаните системи за снабдување со храна, кои заедно работат во насока на трансформација и преструктуирање на начинот на производство, транспорт, снабдување, рециклирање и повторна употреба на храната во 21 век.



Во рамки на овој проект во периодот од 19ти до 21 јуни во Марсеј – Франција беше одржана конференција со наслов: ,,Иновативни политики и праведни земјоделско-прехранбени ланци како алатки во трансформацијата на прехрабените системи во урбаните области”.  На конференцијата беше одржана серија на едукативни работилници во кои беа оптфатени современите технологии и технолошки решенија во урбаното земјоделство како еден од концептите поврзани со трансформацијата на урбаните прехранбени системи, примената на блокчејн во овие системи, како и современите политики неопходни за успешна трансформација.  Презентирани беа и т.н. живи лаборатории (Living labs) вклучени во CITES2030 заедно со резултатите на проектот.  




Автор: Јована Милосављева

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.