Тридневна временска прогноза (02.09.2021)

Тридневна временска прогноза (02.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 2 – 4 септември 2021 година

Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо, со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите поради спуштање на посвежа воздушна маса од север ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат пониски, особено наутро и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, па така минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).